Пронајдена марихуана кај затвореник во Затвор-Струга

Марихуана /Фото: Профимедиа

Одделот за Криминалистичка полиција и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга при контрола и претрес над затворските ќелии во КПУ Затвор Струга кај затвореник е пронајдена околу 250 грама марихуана.

– На 16.11.2020 во рамки на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи од страна на Одделот за Криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со СВР Охрид ОВР Струга и затворската полиција од Казнено поправната установа Теферич Струга, била извршена контрола и претрес над затворските ќелии со цел обезбедување на материјални докази и заплена на наркотична дрога, при што околу 19:00 часот во КПУ Затвор Струга кај затвореникот Ѓ. П. пронајдена е околу 250 грама марихуана, информираат од МВР.

За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Струга со цел понатамошно постапување за кривично правниот настан и против осуденото лице кај кое беше пронајдена наркотичната дрога ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот