Пронајдена марихуана кај двајца вработени во УБК

Марихуана /Фото: Профимедиа

Полицијата привела двајца вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и  против нив покренала дисциплинска постапка откако, како што соопшти денеска Министерството за внатрешни работи, кај нив пронашла марихуана завчера при преглед на возилото во кое патувале на ул. „Козле” во Скопје.

„Завчера  околу 18.20 часот на ул.„Козле” во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П.(28) и Д.Г.(26), двајцата од Скопје, вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса”. При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје“,  се вели во соопштението од МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК повел постапка за утврдување дисциплинска одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот