Пронајдена експлозивна направа во Северна Митровица

Инсајдери

Косовската полиција пронајде експлозивна направа во Северна Митровица. Ова го потврди портпаролот на регионалната Косовска полиција, Бранислав Радовиќ, пренесува Инсајдери.

Тој рече дека е пронајдена рачна граната во близина на зграда во изградба. Случајот бил регистриран во 07.44 часот денеска на улицата „Анке Спајиќ“.

Радовиќ, меѓу другото, рече дека тие ангажирале специјален тим за да ја отстранат бомбата во текот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот