Пронајдена дрога во Тетовско, приведени седуммина

Фото: МВР/илустрација

Полицијата од СВР Тетово во период од 23:00 до 03:00 часот утрово во непосредна близина на наплатната станица Желино и на подрачјето на тетовско Камењане лиши од слобода вкупно седум лица кои поседувале дрога, информира Министерството за внатрешни работи.

При нивен и преглед на возилата во кои се превезувале, „Фолксваген голф” и „Туран” со тетовски регистерски ознаки и „БМВ” со австриски национални ознаки, биле пронајдени кокаин, марихуана и дробилка.

-Лишени од слобода се Е Т.(22) од тетовски Порој, 21-годишната тетовка Е.С., Б.Ф.(22), Е.К.(22), Т.Ш.(29) од Тетово, А.К.(26) од тетовско Камењане и Ј.С.(18) од Австрија. Седумте лица задржани се во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Осомничените треба да одговараат  за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот