Пронајдена дрога во контејнер: Запленети 11,5 тони канабис, упсени 6 лица

Белгиската полиција заплени 11,5 тони канабис, на големиот пазар во Брисел, чија улична вредност се проценува на 114 милиони евра, при тоа се уапсени шест лица, соопшти денеска белгиското обвинителство.

Во соопштението од белгиското обвинителство се вели дека припадниците на специјалната полиција дрогата ја пронашле во голем контејнер.

Повеќе од сто компании изложуваат на големиот пазар.

– Многу е тешко да се проверат сите камиони што влегуваат и излегуваат – рече претставникот на пазарот, Лорен Ниш.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот