Пронајдена дрога, приведено лице од тетовско

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната.

На 18.02.2021 околу 20.50 часот на регионален пат Волковија-Тетово, во Челопек, полициски службеници од Полициското одделение Жеровјане – СВР Тетово го лишиле од слобода И.С.(20) од с.Требош, тетовско, затоа што при негов и преглед на возилото „фолксфаген голф”, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал Б.И.(40) од Тетово, му биле пронајдени и одземени марихуана и нож.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот