Пронајден женски труп на имотот на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон: Истрагата е во тек!

Фото: Профимедиа

Пронајдено е тело во близина на палатата Кенсингтон, каде живеат принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, пишува The Sun.

Станува збор за неидентификуван женски труп кој се наоѓал во езерото Раунд на кралскиот имот. Полицијата засега не открила многу детали за телото пронајдено во близина на домот на Вилијам и Кејт и сè уште го истражува целиот случај.

Се појавија информации дека пронајденото тело е на британската уметничка Енделион Ликет Грин, по која се трагаше до неодамна. Сепак, нејзиното семејство наскоро ги поби овие тврдења и истакна дека таа е жива и здрава.

Патем, принцезата Јуџин и нејзиниот сопруг Џек Бруксбанк исто така живеат во близина на војводата и војвотката од Кембриџ. „The Sun“ и другите британски медиуми пишуваат дека не е познато дали некој од членовите на кралското семејство го забележал телото или бил присутен за време на неговото извлекување. Езерото Раунд е изградено во 18 век и е длабоко околу пет метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот