Пронајден спортистот од Уганда кој исчезна, Јапонците го враќаат дома

EPA-EFE/KIMIMASA MAYAMA

Спортистот од Уганда, 20-годишниот Џулиус Секитолеко кој минатата недела избега од тренинг кампот на својата репрезентација во западна Јапонија е пронајден и ќе биде вратен во Уганда, соопшти амбасадата на оваа африканска држава во Токио.

Секитолеко денеска е пронајден во префектурата Мија, а амбасадата на Уганда наведе дека секое прашање за избегнување на должноста  која требаше да ја изврши во Јапонија и исчезнувањето од тренинг кампот, ќе биде решено кога ќе се врати во татковината, пренесе агенцијата Кјодо.

Секитолеко исчезна минатиот петок од градот Изумисана во префектурата Осака, и тоа откако остави порака во хотелот „дека сака да работи и живее во Јапонија бидејќи животот во Уганда е многу тежок“.

Секитолеко секако оваа недеа треба да се врати во Уганда будејќи не успеа да обезбеди учество на Олимписките игри во својата дисциплина, кревање товар.
Тој во петокот со воз заминал за Нагоја, а имал мобилен телефон со него, но пасошот му останал кај олимписката делегација на Уганда која во Јапонија пристигна на 19 јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот