Пронајден починат 44-годишен кавадарчанец, телото предадено за обдукција

Полиција / Фото: МВР

Четириесет и четиригодишен кавадарчанец бил пронајден починат, информираше денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој појасни дека случајот бил пријавен во ОВР Кавадарци вчера во 13.50 часот.

– Било пријавено дека во објект бил пронајден починат 44-годишникот од Кавадарци. Смрт без траги на насилство констатирал лекар, а увид извршила екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за обдукција, рече Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот