Пронајден нов вид пајак кој е отровен и јаде месо!

Фото: dgcs.unam.mx. com

Група студенти и нивниот професор од Националниот универзитет во Мексико неодамна го открија нов вид на пајак во мексиканската долина, односно централно Мексико каде се издигнуваат високи планини.

Тој е наречен „ Loxosceles tenochtitlan“, а името е омаж на древната престолнина на астечкото цасрство во градот Теночтитлан. Пајаците кои припаѓаат на овој вид се наречени виолини поради шарите на грбот, бидејќи потсетува на овој инструмент.

Од 140 видови, во Мекиско има барем 40 видови на пајаци.

Ако ве гризне овој пак нема да биде фатално, но може да предизвика многу проблеми и задолжително е да се побара медицинска нега. Почнува како оток кој не боли многу, а предизвикува некроза.

Лесно може да се измеша со инфекција на кожа. Меѓутоа, многу пајачи кои припаѓаат на овој вид имаат моќни отрови кои го разоруваат ткивкото и процесот кој се создава научно се вика некроза. Концентрацијата на отровот може да варира, но научниците се сомневаат дека повеќето, ако не и сите видови го имаат овој отров.

Раната на кожа може да се одржува и неколку месеци. Сериозните болести и смрт се ретки, но понекогаш може да биде потребна интервенција од пластичен хирург.

Критично може да биде во првите 24 часа, понекогаш и 48 часа кога започнуваат да асе гледаат ефектите од каснатото. Добрата вест е што овој пајак избегнува луѓе и поради тоа некои го нарекуваат осамен пајак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот