Пронајден најстариот бисер на светот: 10.000 години неолитски луксуз

Abu Dhabi Department of Culture and Tourism

Надлежното министерство на ОАЕ најави дека на претстојната изложба во Абу Даби ќе биде претставен бисер стар 8.000 години, за кого археолозите тврдат дека е најстариот на светот.

Бисерот е пронајден во текот на археолошките истражувања на островот Маравах во престолнината.

„После анализата со радиоактивен јаглерод утврено е дека слоевите на бисерот настанале помеѓу 5.800 и 5.600 година п.н.е.“, рекол претседателот на Одделението за култура и туризам на Абу Даби, Мухамед ал-Муабарак.

„Бисерите првпат ќе бидат прикажани на изложбата 10.000 години луксуз“, која ќе биде отворена на 30 октомври во Лувр Абу Даби“.

Стручњаците од Емиратите веруваат дека со бисерите се тргувало со патниците од областа Месопотамија и древниот Ирак во замена за керамика и друга роба. Веројатно е дека и тогаш бисерите биле носени како накит.

„Венецијанскиот трговец со скапоцени камења, Гаспаро Балби, кој патувал низ овие краишта, ги спомнува островите покрај брегот на Абу Даби како извор на бисери во 16 век“, се наведува во одделението за култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот