Пронајден мртов кумановцот кој беше пријавен за исчезнат

Полиција сообраќај
Сообраќајна полиција /Фото: МИА

Шеесет и седумгодишниот кумановец  по кого трагаше и семејството и полицијата е пронајден мртов во нива во населбата, на телото нема траги на насилство, соопшти денеска СВР Куманово.  Вчера во 12:32 часот во СВР Куманово, Д.С. од Куманово пријавил дека пронашол починато машко лице додека извршувал земјоделски работи на нива во населбата Карпош.

-Од страна на лекар било утврдено дека на телото на починатиот нема траги на насилство, а по преземени мерки било констатирано дека се работи за С.М.(67) од Куманово за кого на 15 февруари годинава во СВР Куманово беше пријавено дека се оддалечил од домот- соопшти СВР Куманово.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на семејството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот