Пронајден Холанѓанец, кој се изгубил на Пелистер

Дваесет и петгодишен државјанин на Холандија, кој бил пријавен дека се изгубил на планината Пелистер, е спасен од тимот за брз одговор за спасување на планини при Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Како што соопштуваат од ДЗС, до нивното Подрачно одделение во Битола, денеска во 13:35 часот пристигнала дојава за изгубено лице. Станува збор за странски државјанин, А.А.(25) од Холандија, кој се упатил од с.Нижополе кон Големо Езеро на Пелистер.

– По лоцирањето на изгубеното лице, тимот за брз одговор за спасување на планини, при Дирекцијата за заштита и спасување, излезе на терен, и во 15:10 часот го пронајде лицето над с.Нижополе, со лесна повреда на коленото. По санирањето на повредата, тимот за брз одговор за спасување на планини при ДЗС, безбедно го пренесе лицето до Битола, каде што е и сместено, стои во соопштението на ДЗС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот