Пронајден човечки труп кај Железничката станица Зелениково

Полиција СТОП сообраќај сообраќајка
Полиција лента / Фото: Драган Митрески

Кај Железничката станица Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, вчера бил пронајден човечки труп.

„Вчера во 9.42 часот во СВР Скопје, Т.Г., вработен во Македонски железници, пријавил дека на еден километар по Железничката станица Зелениково, во правец кон Велес, во близина на шините, пронашол човечки труп“, се наведува во полицискиот билтен.

По наредба на јавен обвинител, телото ќе биде предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот