Пронајден череп во Долно Дупени, приведен скопјанец осомничен за убиство

Фото: Илустрација

На 27 и 28 јули пронајдени се череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на селото Долно Дупени, информира МВР.

СВР Битола – Одделението за криминалистичка полиција, во соработка со Единицата за крвни и сексуални деликти од Секторот за општ и насилен криминал во БЈБ и Одделението за крвни и сексуални деликти – СВР Скопје во соработка со ОЈО Битола, изминатиов период превзедоа низа истражни дејствија поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “убиство” по член 123 став 1 од кривичниот законик, извршено во околината на селото Долно Дупени – Ресен.

-Имено на 27 и 28 јули пронајдени се череп и остатоци од човечки труп во распаѓање во околината на селото Долно Дупени. Пронајдените остатоци од телото се подигнати и по наредба на ОЈО Битола се предадени на Одделението за судска медицина при ЈЗУ Клиничка болница Битола, каде беше извршена обдукција, при што се утврди дека смртта била насилна со испукување проектил од огнострелно оружје во пределот на задниот дел на главата- стои во соопштението на МВР.

Прочитајте и...  Филипче: Нема потреба од допoлнителни рестриктивни мерки

Извршена е и идентификација на жртвата, и се утврди дека се работи за лицето М.А. (53) од околината на Скопје, Како резултат на преземените изстражни дејствија се утврди дека делото е сторено на ден 30.06.2020.година, а како сторител на делото е осомничено лице од Скопје.

Врз основа на резултатите од истрагата, од страна на ОЈО Битола поднесен е предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, а од страна на судија на предходна постапка при Основен суд Битола за осомниченото лице е определена мерката притвор.

И покрај определениот притвор се продолжува со превземање дејствија за целосно расветлување на настанот.

Прочитај повеќе

„Прв до врв” по осми пат на Водно

Слободен печат

Земјотрес ја стресе Грција, почувствуван и во државава

Слободен печат

Во Африка над 1.44 милиони заразени со Ковид-19

Слободен печат

Референдум во Швајцарија за слободното движење со ЕУ

Слободен печат

Денеска одлука за четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра

Слободен печат

Облачно време со сончеви периоди

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Виц на денот: Туѓи грешки

Слободен печат

Нова снимка од инцидентот со полицијата во Битола (ВИДЕО)

Слободен печат

Лекарите веќе ни од колегите не се безбедни: Во Куманово доктор нападнал колега, тој избегал низ прозор

Слободен печат

Филипче: Со жалење ја примив веста, дека уште еден медицински работник ја изгуби битката со ковид-19

Слободен печат

Ким Џонг-ун често знае да биде суров: Еве што сѐ е казниво со смрт во Северна Кореја

Слободен печат

Моментот на ужасот: Се појави снимка од падот на украинскиот авион (ВИДЕО)

Слободен печат