Пронајден чамец на дното на Дунав за кој постои можност дека им припаѓа на тројца исчезнати пријатели

Тројцата исчезнати често споделувале фотографии од излети на реката и од возењето со чамецот / фото: Инстаграм

Пријателите на тројцата млади луѓе кои на 18 март исчезнаа во реката Дунав во Белград, пронајдоа чамец на дното на реката.

Пријателите го забележале потонатиот чамец со помош на сонар и од утре ќе се обидат да го фатат. Чамецот е пронајден среде Дунав, на 300 метри под Панчевскиот мост, пишуваат српските медиуми.

Со исчезнатите Милош Марковиќ, Ненад Тривковиќ и Милан Николиќ, бил уште еден другар, дентификуван како Мане К., кој единствен успеал да исплива од студените води на големата река, чија температура била околу седум степени. Тројцата практично се сметаат за удавени, бидејќи според лекарите, на оваа температура се доволни само неколку минути за да настапи хипотермија, а речиси и да не постојат шанси тие да бидат пронајдени живи по пет дена.

Пријателите и семејството со денови организираат заедничка потрага по исчезнатите млади момчиња, одејќи во групи пеш и со брод.

По пет дена, најдени се само ранците на тројцата млади луѓе кои исчезнаа во студените води на Дунав

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот