Промовирана веб-страницата „Родот и медиумите“ алатка што треба да придонесе кон победа во борбата против родово базираното насилство

Министерството за труд и социјална политика денеска ја промовираше новата веб-страница „Родот и медиумите“, наменета за превенција и ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство, со почитување на основните човекови слободи и права.
Како Министерство за труд и социјална политика, посветено работиме на развивање и подобрување на националните политики за превенција и заштита на жртвите на родово базирано насилство, рече министерката, изјави министерката Јованка Тренчевска.
Страницата се администрира од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
Директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски посочи дека целта на веб страницата е да биде ресурсен центар за медиумите, место каде што можат да најдат ресурси, информации, линкови за различни аспекти на родовите прашања, вклучувајќи го и родово заснованото насилство, но и место на кое граѓаните можат да најдат корисни линкови и информации, вклучувајќи ги и институциите и организациите од кои можат да побараат помош во случај да се подложени на родово засновано насилство.
Посебно изразувам благодарност до Министерството за труд и социјална политика, оттаму дадоа свои мислења и предлози за структурата на ресурси што треба на едно место да се направат достапни за јавноста, како и на граѓанските организации, чиј фокус се родовите прашања, нагласи директорот.
Веб страницата е достапна на македонски, албански и на англиски јазик. Приспособена е за лица со целосно или делумно оштетување на видот.