Промовиран е проект што ја афирмира современата културна вредност

Промоцијата на проектот „Експериментално издание на публикација – монографија“, проследен со изложба на Дејан Иванов-Маргуш, во организација на „Три Де дизајн медија“ се одржа на 27 октомври во Домот на Армијата на РСМ во Скопје.

Целта на овој автономен, истражувачки и интердисциплинарен дизајнерски проект е да овозможи афирмација на уметници од РС Македонија, така што секоја година ќе истражува и колектира податоци од творештвото на еден автор, кој направил импакт во културните текови во нашето општество, и ќе ги публикува.

Истражувачките монографии на уметниците имаат за цел ефективно и иновативно да ги соберат опусот на дејствување и креациите на уметниците, да ги афирмираат и етаблираат како современа културна вредност. Проектот е осмислен да биде долгогодишна дизајнерско-креативна дејност, која ќе се повторува секоја година за различен уметник.

Постоењето на ваков афирмативен проект ќе овозможи промоција на наши уметници и нивно претставување пред јавноста, но ќе биде дел и од културното наследство на земјата. Промовирајќи ја работата на културно-уметничките работници ќе се промовираат културата, духот и живеењето на земјата.

Проектот „Експериментално издание на публикација – монографија“ е поддржан од Министерството за култура на РСМ, како проект од национален интерес за 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот