Промотивниот караван на „Мој ДДВ” во Велес

Во маркетот „Жито Ване” во населбата Тунел во Велес денеска пристигна промотивниот караван „МОЈ ДДВ”, преку кој граѓаните на информативниот пулт беа информирани за апликацијата и им беа делени флаери.

Градоначалникот Аце Коцевски изјави дека проектот за поврат на 15 проценти од ДДВ на граѓаните е важен не само за државата, туку и за граѓаните.

– Секој од нив на три месеци ќе може да се поврати по 1.800 денари, а на годишно ниво по 7.200 денари, или едно просечно четиричлено семејство во текот на годината може да си поврати 28.800 денари од парите кои како ДДВ ги уплатиле за државата.Тоа ќе биде значаен придонес за скромниот буџет на семејството, тоа е значајно и за државата и за граѓаните на Општина Велес, појасни Коцевски.

Тој потенцира дека со овој проект граѓаните се поттикнуваат  да купуваат во продавници и маркети кои уредно плаќаат ДДВ, а можат да ги пријавуваат и несовесните продавачи кои не употребуваат фискални апарати и ја поттикнуваат сивата економија.

Коцевски нагласи дека на овој начин ќе се сузбие сивата економија и многу повеќе средства ќе се влеваат во државниот буџета, а тие средства индиректно потоа ќе завршат во општините и државните институции. Тој смета дека со тоа ќе се подобри квалитетот на живеење на граѓаните, а ќе значи и повеќе пари за водоводната и канализациската мрежа, улиците и патиштата. 

Прочитајте и...  Зголемен бројот на издадени дозволи за градење, планирани нови 519 станови

Прочитај повеќе

Пад на економијата на Холандија од досега „невидени” 8,5 отсто

Слободен печат

Германската економија нагло ќе расте, но опоравувањето ќе биде долготраен процес

Слободен печат

Костовски: Не ја ставајте во овој вител министерката Ангеловска, бидејќи таа е стар клиент на банката

Слободен печат

Костовски за Еуростандард банка: Тоа е свесно сценарио во кое требаше да има жртвено јагне

Слободен печат

Биди дел од најголемата шопинг манија во градот. Биди дел од Garage Sale.

СП.

Унгарија, Романија и Бугарија со најголем економски пад на квартално ниво

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Пендаровски -Бежоска: Побрзо да се обесштетат депонентите од „Еуростандард банка”

Слободен печат

Комерцијална банка ќе им одобри дозволено пречекорување на приматели на пензија и плата во Еуростандард банка

Слободен печат

Прометот во индустријата намален за 17,5 отсто

МИА Агенција

Зголемен бројот на издадени дозволи за градење, планирани нови 519 станови

МИА Агенција

ФИТР: 123 домашни компании во финална фаза на Повикот за брзо прилагодување против КОВИД-19

МИА Агенција

Пад на цената на златото за првпат по девет недели

Слободен печат