Промоција на СЏФ-календарот: Пригодно и пријатно онлајн дружење

Скопскиот џез-фестивал ги промовираше календарите за 2021 година. Во нормални услови промоцијата се случува со многубројни посетители и џез-концерт на македонски изведувачи, но годинава поради пандемијата календарите беа претставени со пригодно и пријатно онлајн дружење во амбиентот на „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“.

Главните „виновници“ за оваа убава и раритетна скопска џез-традиција, Оливер Белопета и Костадин Шурбановски, зборуваа за почетоците на идејата за СЏФ-календар, за уметничката фотографија, за нејзиниот однос со музиката, за подвигот на октомвриското фестивалско издание одржано во услови на пандемија, а со неколку внимателно избрани концертни снимки не потсетија и на некои од најубавите моменти од 39. Скопски џез-фестивал, овековечени во новиот календар преку извонредните фотографии на Татјана Ранташа. Календарите се дел од визуелниот идентитет на Скопскиот џез-фестивал.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 65, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 23-24 јануари 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот