Промоција на „Радосница“ од Калиопи Трпчева во „Литература.мк“

Радосницата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е наменета за сите идни роители. Во неа ќе можат на креативен и интересен начин да ги бележат поважните моменти на своето новороденче. Низ шарените страници на радосницата, која е осмислена и нацртана од академската сликарка и графичка дизајнерка Калиопи Трпчева, родителите може да ги внесат сите податоци во првата година на своето дете: од периодот на бременоста, раѓањето, првото капење, прошетка, патување, првите запчиња и чекорчиња, па сѐ до првиот роденден. Го следи растењето на детето, месец по месец, меморирајќи ги најинтересните мигови, промени и новости. Оваа радосница се разликува од останатите по тоа што, покрај тоа што има простор за допишување и додавање фотографии, може да се обои, по желба на родителите.

Авторката вели дека радосницата е работена со многу љубов во перидот кога се родило нејзиното прво дете, синот Марко, кому му го посветува ова дело.

Промоцијата ќе започне во 18.30 часот со работилница за родители и за деца, на која ќе бојат дел од страниците од радосницата. Во продолжение ќе следува официјално претставување на изданието.

Промоторка на изданието ќе биде поетесата Ана Голејшка Џикова.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот