Промоција на пет дигитално реставрирани македонски филмови во Кинотека на РС Македонија

Во Кинотека на Северна Македонија на 12 март со почеток во 19:00 часот во киносалата ќе биде промовирано ДВД издание на пет дигитално реставрирани македонски играни филмови.

Се работи за филмовите „Три Ани“ (1959) на Бранко Бауер, „Жед“ (1971) на Димитрие Османли, „Македонскиот дел од пеколот“ (1971) на Ватрослав Мимица, Татко (Колнати сме, Ирина) (1973) на Коле Ангеловски и „Хај-фај“ (1987) на Владимир Блажевски.

„Филмовите во ова ДВД издание хронолошки се реализирани во распон од 28 години. За разлика од претходните ДВД изданија на дигитално реставрираните филмови од целокупниотопус на авторите (браќата Манаки, Арсениј Јовков, Љубиша Георгиевски, БранкоГапо, Столе Попов, Милчо Манчевски, Кирил Ценевски), изборот на филмови кои сед игитално реставрирани, како дел од културното наследство, беше резултат намеѓународната соработка на Кинотеката на С. Македонија со други филмски архиви од некогашна Југославија“, известуваат од Кинотека од каде додаваат: „Тематските преокупации во сите овие пет филма, за жал, можат да се заокружат низ „широчината“во тегобноста присутна во нив. Кај Бауер во ТРИ АНИ тоа е тегобноста наегзистенцијата по смртта на чедото; кај Османли во ЖЕД тегобноста, парадоксално но вистиното, се огледува како во водената површинашто ја нема, во безизлезноста на малото зафрлено место „на пола пат за никаде“; кај Мимица во МАКЕДОНСКИОТ ДЕЛ ОД ПЕКОЛОТ тегобноста во окупираното село одстрана на фашистичката војска е просто опиплива како пластелин; кај Ангеловскиво ТАТКО (КОЛНАТИ СМЕ, ИРИНА) тегобноста е внатре во душата на главнитекарактери; кај Блажевски во ХАЈ-ФАЈ тегобноста е во заробениот ум…“

На промоцијата ќе бидат присутни и авторите Коле Ангеловски и Владимир Блажевски.

Распоред на прикажување:

12 март (четврток) во 20:00 часот: „Македонскиот дел од пеколот“ (1971)
13 март (петок), од 18:00 часот: „Три ани“ (1959) / од 20:00 часот „Хај фај“ (1987)
14 март (сабота), од 18:00 часот „Жед“ (1971) /  од 20:00 часот Татко (Колнати сме, Ирина) (1973)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот