Промоција на книгите „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска

Сликовниците, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, преку разиграните стихови на Георгиевска и шарените илустрации на Јовановска, го откриваат игривиот свет на именките и на глаголите.
Овие книги се наменети за децата, но и за нивните родители и за наставниците. Од нив родителите може да им читаат на децата пред спиење, а на наставниците ќе им олесни/помогне за време на училишните часови. Овие изданија ќе им помогнат и на нашите деца во дијаспората, да го одржат контактот со македонскиот јазик и граматиката.
 
Во „Игра со именки“ авторката вели: „Именка е сè околу нас, сè што има име, секој предмет, од молив до ракета, сите нешта во нашите соби, сите растенија, овошјето и животните, храната – солена и слатка, сите играчки, па дури и самите ние сме направени од безброј именки – нашето тело е именка цело“.
 
Во освртот кон „Игра со глаголи“ се вели: „Глаголот се однесува на секој збор што покажува нешто што се движи и брза, многу често и оној збор што е како мало дете кое не умее да мирува. Така, на пример – ако пишуваш, значи ја движиш раката, па зборот ПИШУВА ќе биде глагол. Но, исто така, и да седиш и да мислиш, па и да лежиш и да сонуваш – значи дека ти правиш нешто. Е, токму тоа правење нешто е самиот глагол“.
 
Промотор на книгата во „Литература.мк“ ќе биде уредничката Бисера Бендевска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот