Промоција на книги на млади автори на манифестацијата „Илинден“

Bо Домот на култура „Илинден”, во Општина Илинден, во рамките на 20-та литературна манифестација „Илинден 2019″, се одржа промоција на книги на седуммина млади автори.

На присутните љубители на литературата со по неколку песни од нивните најнови дела им се претставија младите автори Ирена Јурчева, Магдалена Чапаровска, Филип Димковски, Томислав Каранфиловски, Христина Цветаноска, Моника Стојанова и Наде Поп Гаврилова.

Промотор на книгите беше Марина Мијаковска, која обраќајќи им се на присутните истакна дека станува збор за поети кои се одликуваат со сопствена поетика и впечатлив стил кој внесува свежина во македонската книжевна сцена. Притоа, таа им посака да продолжат да го збогатуваат книжевното небо со нови песни како ѕвезди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот