Промоција на книгата „Виенски гамбит“ од Анде Јанков на платото пред МКЦ

Промоцијата на книгата „Виенски гамбит“, најновиот трилер од младиот македонски автор Анде Jанков, ќе се одржи на 23 јули на платото пред МКЦ. Промотор на книгата ќе биде Денис Бојаров, а модератор на настанот ќе биде Софија Стојков.

Авторот на романот, Анде Јанков, е роден во 1988 година во Велес. Уште од најмала возраст покажува афинитет кон пишаниот збор, пишувајќи кратки раскази низ годините. Дипломира на Економскиот факултет во Скопје во 2013 година.

Неговиот прв роман, „Едно лето на Крит“, кој излегува од печат во 2016 година во издание на „Култура“, е добитник на наградата „Романијада“. Живее и работи на релација Скопје – Штутгарт. Во моментов го пишува својот трет роман. Книгата „Виенски гамбит“ е во издание на „Антолог“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 40, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 18-19 јули 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот