Промоција на книгата „Македонците во светот” на Славе Николовски Катин

Книгата „Macedonians in the world” („Македонците во светот”) на новинарот и публицистот Славе Николовски Катин денеска ќе ја има својата охридска промоција.

Славе Катин и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно на државата и на животот на нашите иселеници.

Покрај 55-те публикации, во период од педесет и пет години Катин е автор и на повеќе од 100 научни трудови од различни области и на над 3.000 новинарски и други текстови објавени. Тие, главно, се однесуваат на државата, иселеништвото, религијата, културата, македонскиот јазик и литература и други области.

„Macedonians in the world” („Македонците во светот”) е плод на неговите патувања по светот. Како член на државни и црковни делегации тој бил на посети и разговори кај поглаварите на Романската, Украинската, Руската и Српската православн ацрква, потоа во Цариградската патријаршија во Истанбул и пет пати бил во делегации во Ватикан во Рим. Исто така, бил и во делегацијата на Владата за погребот на Мајка Тереза во Калкута, Индија, а многу пати патувал со делегации на Македонската православна црква-Охридска архиепископија за Канада, Соединетите Американски Држави, Австралија, во Европската Унија, Турција, Израел, Русија, Украина, Бразил и други земји.

Публикацијата „Македонците во светот” од Славе Катин е дело на Издавачката куќа „Македонска искра” од Скопје и на Фондацијата „Џорџ Атанасоски” од Прилеп. Рецензенти на ова дело, кое е на англиски јазик, на 432 страници се покојниот академик Антонио Шкокљев-Дончо и бизнисменот Ѓорѓија-Џорџ Атанасоски. Промотори на книгата во Охрид ќе бидат Милчо Јованоски и Свето Стефановски.

Промоцијата ќе се одржи во Прличевата одаја на Центарот за култура „Григор Прличев” во Охрид од 12 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот