ПРОМОЦИЈА НА КНИГА СЕ ПРЕТВОРИ ВО ПОЛИТИЧКИ СУДИР: Поддржувачи на власта и опозицијата во Белград направија хаос

Фото: Твитер

Активистите на опозицискиот Сојуз за Србија (СЗС) синоќа во центарот на Белград го бркаа заменик градоначалникот Горан Весиќ, откако ја промовираше книгата за главниот град на Србија.

Инцидентот се случи по промоцијата на „Книгата за Белград” на Горан Весиќ, кога прво имаше взаемно туркање меѓу членовите на обезбедувањето на Весиќ и активистите на СЗС, а потоа и бркање на заменик-градоначалникот додека тој одеше кон службениот автомобил, извикувајќи „Уа” и „Весиќ крадецу„.

Според агенцијата Бета, инцидентот се случил кога Весиќ излегувал од галеријата „Прогрес” на улицата „Кнез Михајлова”, каде беше одржана промоцијата на книгата.

За време на меѓусебното туркање на припадниците на обезбедувањето на Весиќ и активисти на СЗС, делуваше дека некој го турна заменик градоначалник, а потоа активистите на опозицијата трчаа по Весиќ од излезот на галеријата во правец на улицата „Змај Јовина”. Тие со навреди ги пречекаа гостите на промоцијата, меѓу кои и генералниот секретар на Претседателот на Србија, Никола Селаковиќ, а една од активистите на СзС се обиде со телото да го запре возилото во кое се наоѓаше Весиќ.

Претходно, во вечерните часови се случи вербална конфронтација, проследена со туркање од активисти на владеачката Српската напредна партија (СНС) и Сојузот за Србија, кои пред галеријата Прогрес ја организираа изложбата „Весиќ, каде е сега мојот Белград”. Инцидентот се случи кога активистите на СНС се обидоа да им ја предадат книгата на Весиќ на претставници на Партијата за слобода и правда (ССП), Борко Стефановиќ и Марко Бастаќ, кој е претседател на општината Стар град .

Додека активистите на СЗС викаа „Весиќ, крадец”, припадниците на СНС одговорија со „Ѓилас, крадец”.

Младите на двете партии почнаа да се туркаат, но ситуацијата брзо се смири.

Министерот за труд и социјална политика Зоран Ѓорѓевиќ, исто така, беше исвиркан од активистите на СЗС кога влегуваше на презентацијата на книгата на Весиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот