Промоција на електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ / Фото: Архива на „Слободен печат“

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески.

Ќе биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик, дело на 21 автор. Електронското издание на Толковниот речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани и сите проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. Ова е подарок од Владата на Република Северна Македонија, од Министерството за образование и наука, од авторите и од Институтот за македонски јазик до граѓаните.

На промоцијата што ќе се одвива онлајн, обраќања ќе имаат претседателот на државава Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” –Скопје, Јованова-Грујовска и раководителката на електронското издание на ТРМЈ, Снежана Велковска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот