Промоција на четири млади македонски писатели во Будимпешта

Лекторатот по македонски јазик, Универзитетот ЕЛТЕ и Здружението на Унгарци од Македонија „Теледом“ се организатори на манифестацијата „Денови на македонска култура во Будимпешта 2020“, во чии рамки на 28 октомври, во кафе-книжарницата „Магвето“ во Будимпешта, се одржа промоција на четири македонски млади писатели.

На промоцијата учествувале писателите Петар Андоновски, Фросина Пармаковска и Давор Стојановски, а било претставено и творештвото на Лира Бојку, која од оправдани причини не допатувала во Будимпешта. Модератор на промоцијата била познатата унгарска книжевна ѕвезда Оршоја Карафиат, а фрагменти од романите на писателите читал унгарскиот актер Адам Бонц. За промоцијата била издадена промотивна книга со фрагменти од делата на четворицата автори во превод на унгарски јазик од Анамарија Цинеге-Панзова.

Писателите ги претставил Ненад Стевовиќ, уредник и сопственик на издавачката куќа „Или-Или“ од Скопје. Според лекторот Златко Панзов, ваквиот тип настани предизвикуваат голем интерес кај унгарската публика и се надева дека „Деновите на македонска култура во Будимпешта“ ќе продолжат да се одржуваат и понатаму.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 54, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 31 октомври – 1 ноември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот