Промоција на наоди од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи”

Граѓани во близина на ЕУ Инфо центар во Скопје
Граѓани во близина на ЕУ Инфо центар во Скопје / Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Во рамките на проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите”, денеска ќе бидат промовирани наодите од националното истражување „Граѓанското учество и ЕУ-перспективи: Анализа на јавното мислење со граѓани и граѓански организации”.

На настанот ќе бидат промовирани податоци од два циклуса на анкетни истражувања, кои беа спроведени во 2020 и 2021 година. Ќе се направи анализа и ќе се утврдат одредени трендови на клучните наоди oд националното истражување со граѓани и од истражувањето со граѓанските организации.

Наодите откриваат колку граѓаните можат да влијаат врз одлуките што се носат во општините и државата, дали одобрувањето на општеството е и нивна лична одговорност, дали сметаат дека процесот на пристапни преговори со ЕУ ќе го подобри животот во нашата земја, кoи механизми за учество најчесто ги користат граѓанските организации, како здравствената криза поради Ковид-19 влијаеше врз работата на граѓанските организации?

Воведно обраќање ќе имаат претаставници на Фондацијата Отворено општество – Македонија и на Делегацијата на Европската Унија, а свој осврт ќе дадат и претставници на граѓански организации.

Проектот „Дијалог со граѓанските организации – Платформа за структурно учество во ЕУ-интеграциите”, го координира и имплементира Фондацијата Отворено општество – Македонија, со партнерите Реактор – Истражување во акција, Евротинк – Центар за европски стратегии и Центар за граѓански комуникации.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот