Прометот во индустријата бележи раст во јули

Прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули  лани е зголемен за 11 проценти, а споредено со јуни годинава за 3,8 отсто. Во периодот јануари – јули година, споредено со истиот период минатата година индустрискиот промет бележи раст од 9,8 проценти

Во периодот јануари – јули година, во однос на истиот период лани бележи раст од 12,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во јули годинава, во однос на јули лани бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 7,2 проценти, Капитални производи за 17,7 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 3,5  проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,8 проценти.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е зголемен за 7,5 отсто, во однос на јуни годинава за 15,9, а во периодот јануари – јули годинава, во однос на истиот период лани за 1,5 отсто.

На странските пазари, пак, индустрискиот промет  во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година, е зголемен за 12,6 отсто, во однос на јуни годинава е намален за 0,01 отсто.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот