Променливото време го менува дејството на терапијата

Фото: Unsplash

Промените коишто се појавуваат во надворешната средина директно влијаат врз организмот, а особено влијание имаат промените на барометарскиот притисок и влажноста.

А, есента и зимата се годишни времиња кои најчесто ја зголемува влажноста на воздухот.

Тоа често може да ја влоши состојбата на болните кои имаат ангина пекторис, предизвикувајќи поизразено стегање (вазоспазам) на крвните садови, особено кога од топлите простории излегуваат надвор на студен воздух.

Исто така, варирањето на дневните температури може директно да влијае и на варирањето на вредностите на крвниот притисок, па според тоа треба да ја адаптирате и терапијата.

Секој човек кој боледува од кардиоваскуларни болести, различно реагира на промените кои се случуваат во текот на промените на годишните времиња. Медицината сѐ уште не успеала да пронајде лекови кои ќе го штитат секој пациент, без оглед на надворешната средина.

Поради тоа единствен начин за контролирање на крвниот притисок, појава на епизода на ангина пекторис, е зголемувањето или намалувањето на дозата на поедини лекови. За жал, поради честите варијации на метеоролошките услови и ова „местење“ мора да биде во чекор со тоа.

Сепак, во врска со менувањето, односно адаптирањето на дозата на лекот, неопходно е да се консултира надлежниот лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот