Променливо облачно време со повремен дожд, температура до 24 степени

/Фото: Архива

Од изутрина ќе има повремен дожд. Преку денот ќе биде променливо облачно со повремено засилен јужен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за
појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната од 19 до 24 степени. УВ=6.

Во Скопје, променливо облачно со умерен до повремено засилен јужен ветер. Преку денот ќе има услови и за појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде 13, а максималната ќе достигне до 24 степени.

Следува период во кој во претпладнените часови ќе има умерена облачност со сончеви периоди, а претежно попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во понеделник и среда условите за појава на дожд и нестабилност ќе се помали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот