Променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ОЧЕКУВАЈТЕ дожд

Денеска времето ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со услови за локален пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 37 Целзиусови степени, Маврово 26, Охрид 31, Битола 34, Кавадарци 37, Крива Паланка 32, Берово 30, Дојран 39 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне на запад со услови за локален пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во Скопје 35, Маврово 26, Охрид 31, Битола 33, Кавадарци 36, Крива Паланка 31, Берово 29, Дојран 38.

Од среда повторно ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност и дневни температури од 28 до 37 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот