Променливо облачно со сончеви периоди

Облачно време/ Фото: МИА

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди попладне, а наутро ќе има услови за локален дожд и зголемена облачност претежно во северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени Целзиусови.

Во Скопје попладне ќе има сончеви периоди, а наутро ќе биде со услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 21 степени.

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од четврток. Локални врнежи од дожд ќе има денеска наутро и ќе бидат со слаб до умерен интензитет. Во среда попладне врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот