Променливо облачно со пороен дожд попладне

скопје дожд дождливо време
Дожд во Скопје / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

 Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Максималната температура ќе се движи во интервал од 23 до 30 степени.

Во Скопје и околината ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Максималната температура ќе достигне до 28 степени.

Во наредните демови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град. Температурата во следните денови нема значително да се менува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот