Какво време нè очекува денеска

Парк / Фото: МИА

Времето денеска ќе биде променливо облачно со  повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен и северозападен правец.

Минималната температура ќе се движи од два до осум, а максималната дневна од 15 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд и услови за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од седум до 20 степени.

Во наредните два дена во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и грмежи, а преодно стабилизирање се очекува во петок кога температурите ќе бидат во пораст. Нови пообилни врнежи од дожд се очекуваат од сабота кон крајот на денот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот