Променливо облачно со локален дожд

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Променливо облачно од претпладне со локален дожд, а од пладневните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер и услови за појава на град. Намалена нестабилност ќе има на западот. Т-мин. од 7 до 15 а т-макс. од 18 до 26 степени.

Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен дожд, а од пладневните часови нестабилно со повремено пороен дожд и грмежи. Т-ра 13 / 22 степени.

Во следните денови ќе продолжи влијанието на циклонска активност од Медитеранот и над Балканот па ќе се задржи променливо, повремено и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град.

Од петок се очекува постабилно и значително потопло време.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот