Променливо облачно и натпросечно топло

Сонце / Фото: Архива на Слободен Печат

Времето денеска ќе биде променливо облачно и натпросечно топло со сончеви периоди. Во утринските часови во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, а во западните делови засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16, а максималната од 24 до 33 степени.

Во Скопје, променливо облачно со подолги сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде околу 13, а дневната ќе достигне до 31 степен.

УХМР најавува дека утре ќе биде стабилно со благ пад на дневната температура, додека во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд. Температурата дополнително ќе опадне уште за неколку степени

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот