Промените во агендата го спречуваат иранскиот шеф на МНР да отпатува во Давос

Од „АП“ констатираат дека Зариф не доаѓа на средбата во Давос, додека трае кризата со Вашингтон и несогласувањата со Европа околу нуклеарните чекори.

Иранскиот министер за надворешни работи нема да учествува на Светскиот економски форум во Давос бидејќи, како што наведува Техеран, организаторите „изненадно ја промениле агендата“.

– Беше планирано да присуствува, но тие изненадно го променија дневниот ред и тоа не е дневниот ред за кој се договоривме. Затоа, тој нема да биде во Давос – изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Абас Мусави на прес-конференција.

Минатата недела „Ројтерс“ пренесе дека Зариф повеќе не се наоѓа на листата на 3.000 учесници на Светскиот економски форум (СЕФ).

Од „АП“ констатираат дека Зариф не доаѓа на средбата во Давос, додека трае кризата со Вашингтон и несогласувањата со Европа околу нуклеарните чекори.

Светскиот економски форум се одржува и во време кога има зголемени тензии поради тоа што иранската војска сруши украински патнички авион, како и во време кога тензиите меѓу САД и Иран се зголемени поради убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани во Багдад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот