Промени во врвот на Твитер, компанијата доби нов извршен директор

џек дорси
џек дорси/ Фото: EPA-EFE/KIM CHUL-SOO

Џек Дорси, еден од основачите на технолошката компанија Твитер, ќе поднесе оставка од функцијата извршен директор на таа компанија, пренесува Би-Би-Си.

Дорси на таа позиција ќе го замени Параг Агравал, досегашниот технички директор на Твитер, соопштија од компанијата.

Дорси го основа Твитер во 2006 година, а покрај оваа компанија е и директор на платежната компанија Сквер.

„Конечно дојде време да заминам“, рече Дорси во соопштението, додавајќи дека компанијата е подготвена за „следниот чекор“.

Дорси верува во наследникот

„Благодарен сум му бидејќи е способен, има големо срце и душа. Негово време е да биде лидер“, изјави Дорси.

Агравал се приклучи на компанијата во 2011 година, а директор е од 2017 година.

Акциите на овој технолошки гигант благо пораснаа кога се појавија гласините за заминувањето на Дорси.

Поради тоа, тргувањето со акциите на Твитер е привремено суспендирано.

„Го сакам Твитер“, напиша Дорси на оваа платформа во неделата, но наводно не бил охрабрен од тие гласини.

45-годишникот ја основа компанијата со партнерите Биз Стоун, Еван Вилијамс и Ноо Глас во 2006 година.

Сепак, Дорси стана заштитно лице на компанијата – го објави првиот твит на оваа мрежа и долго време беше директор.

Тој привремено ја напушти таа позиција во 2008 година и ја основа апликацијата за дигитално плаќање Square, која подоцна прерасна во компанија вредна неколку милиони долари.

Тој повторно застана на чело на Твитер во 2015 година, по заминувањето на тогашниот директор Дик Костол.

За време на овој мандат, Дорси се појавуваше на сослушувањата пред американските политичари кои го испрашуваа пред телевизиските камери за улогата на платформата во ширењето дезинформации.

Елиот Менаџмент, инвестициска компанија која поседува значителен дел од акциите на Твитер, го покани да го напушти Твитер минатата година.

Менаџментот на Елиот наводно мислел дека би било подобро Твитер да го води директор со само една функција.

Сепак, двете страни се договорија подоцна во 2020 година и Дорси остана на позицијата директор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот