Промени во ранг-листата на најмоќните пасоши во светот, македонскиот се најде пред американскиот

Фото: Слободен печат

Индексот за пасоши објави податоци за новите најмоќни пасоши, со кои можете слободно да патувате без виза или со кои може да се добие виза веднаш по пристигнувањето во друга земја, на која Северна Македонија се најде на 16. место.

Нов Зеланд оваа година предничи пред останатите и ја освои престижната титула. Носителите на пасош на Нов Зеланд можат да влезат во повеќето земји без виза, од кои 129 од нив. 

Нашиот пасош на ранк листата е пред Албанија, Црна Гора, но и пред САД, чиј пасош поради ковид-19 се најде на поразително 21.место.

Со тоа, граѓаните на Србија, Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина имаат помоќен пасош од граѓаните на САД.

Со македонскиот пасош без виза може да се влезе во 62 земји.

Пред нас е рангирана Хрватска, на осмото место и Србија на 14-та позиција на индексот на најмоќни пасоши.

Со српскиот пасош без виза може да се влезе во 66 земји во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот