Промени во „дрим тимот“, списокот скратен на 17 имиња (ВИДЕО)

twitter.com/Bucks

На СП во Кина Американците се во група со селекциите на Турција, Чешка и Јапонија. Синоќа одиграа меч меѓу себе, „сините“ славеа против „белите“ со 97:78, а се истакна новиот тандем на Бостон, Тејтум кој уфрли 17 поени, три помалку додаде Кемба Вокер.

Нови промени се случија во репрезентацијата, од списокот отпаднаа Бем Адебајо (Мајами) и Тадеус Јанг (Чикаго), а шанса добија Дерик Вајт од Сан Антонио и Марвин Бегли од Сакраменто.

Кингси имаат тројца претставници, би можеле сите да бидат на СП, особено поради тоа што Д`Ерон Фокс одушеви во досегашниот тек од подготовките, на споменатиот меч забележа 12 поени за „белите“.

Сега вака изгледа списокот на „дрим тимот“  пред патувањето за Кина, а Мундобаскет ќе стартува на 31 август:

Харисон Барнс (Сакраменто), Марвин Бегли (Сакраменто), Џејлин Браун (Бостон), Д’Ерон Фокс (Сакраменто), Џо Херис (Бруклин), Кајл Кузма (Лејкерс), Брук Лопез (Милвоки), Кајл Лаури (Торонто) , Крис Мидлтон (Милвоки), Донован Мичел (Јута), Мејсон Пламли (Денвер), Маркус Смарт (Бостон), Џејсон Тејтум (Бостон), Пи Џеј Такер (Хјустон), Мајлс Тарнер (Индијана), Кемба Вокер (Бостон) и Дерик Вајт (Сан Антонио).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот