Промени на устата што бараат задолжителна посета кај лекар

Студот, изложеноста на стрес, стоматолошките зафати или алергиските реакции на храна, се само некои од предизвикувачите на херпесот.

Ако имате рана во устата што не исчезнува по неколку недели, дефинитивно треба да посетите лекар, дури и ако раната не боли.

Овие болни рани во устата најчесто се последица на помалку сериозни причини, па можеби станува збор и за афти или за случајно гризнување на образот.

Овие се промените што се наоѓаат во устата, а кои секако би требало да ги прегледа лекар:

Херпес

Ова е најчестиот проблем во устата. Во некои случаи, доминираат внатрешни фактори какви што се температура, присуство на други вируси, односно фактори што го ослабуваат имунолошкиот систем. За некои луѓе, изложеноста на ултравиолетово зрачење може да доведе до појава на херпес на усните. Студот, изложеноста на стрес, стоматолошките зафати или алергиските реакции на храна, се само некои од предизвикувачите на болеста. Ако херпесот постојано се повторува, би било паметно да посетите лекар.

Црн и „влакнест“ јазик

Оваа состојба не е болна и се јавува кога папилите на јазикот ќе нараснат и на нив ќе се „залепат“ бактериите што инаку живеат во устата – од оваа причина јазикот изгледа црн. Причините можат да бидат различни, употреба на антибиотици, лоша орална хигиена, пушење и пиење големи количини кафе и чај. Миењето на јазикот со четка може да помогне, но понекогаш е потребна помош од лекар.

Афти

Афтите се мали рани во устата, неретко болни, склони кон чести и повторни појавувања. Нема да ги најдете на непцето, туку ќе ги имате на слузницата, јазикот, образите и во внатрешноста на усните. Тие не се опасни, но телото ви кажува дека нешто не му одговара. Ако траат повеќе од две недели, не го игнорирајте предупредувањето и посетете стоматолог или лекар.

Леукоплакија

Во прашање е иритација што може да ја предизвикаат острите рабови на забите, лошо поставените круни или пломби, како и пушењето… Обично станува збор за безболна појава, а се јавува во облик на бели дамки во устата или плак и може да се исчисти. Оваа состојба може да биде и симптом на некоја сериозна болест, па би било добро да посетите лекар.

Грицкање мраз

Грицкањето мраз или тврди бонбони, изложеноста на топли и ладни пијалаци може да доведе до кршење на забите. Ако станува збор за мали кршеници, не мора да почувствувате болка, но сè што е повеќе од тоа носи со себе и болка, а можно е трајно оштетување на забите. Дефинитивно ве советуваме да посетите стоматолог.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот