Промени кои се знак на сексуална зрелост
Сексот во 30-тите години
Деновите кога не сте имале поим за сексот се далечно минато. Сега сексот е дел од вашиот секојдневен живот и навистина знаете што правите. Поголемиот дел од луѓето минуваат низ 5 промени кои се знак на сексуална зрелост.
Никому не се докажувате повеќе
Не се потресувате околу тоа дали вашата изведба во кревет ќе биде фантастична. Тоа е така затоа што вашиот сексуален живот е поврзан со една личност или пак досега сте имале повеќе сексуални партнери, па имате доволно самодоверба. Повеќе не чувствувате притисок. Понекогаш давате 100% од себе, а понекогаш без размислување го „фаќате“ партнерот за време на рекламите и имате секс на брзина.
Задоволни сте од еден единствен партнер
Статистички гледано, повеќето луѓе влегуваат во сериозна врска или брак кон крајот на 20-тите години и во 30-тите години тие веќе имаат еден стабилен партнер. Желбата за пробување нови работи се сведува на пробување нови пози со партнерот, а не на лудите забави кои знаеле да завршат со секс без обврски со луѓе кои воопшто не ги познавате. Сингл луѓето нема толку често да ги менуваат партнерите. Попрво ќе бидат во врска во која ќе имаат односи само со еден партнер.
Откривате нови работи
Со текот на времето и искуството, почнувате да се истражувате себеси, вашите желби и интереси. Секој се подобрува на различен начин. Некои пробуваат нови пози или места, некои ги усовршуваат своите сексуални вештини и ја проучуваат Кама Сутрата или тантричкиот секс, но најважно е дека сите ги зголемуваат своите знаења и искуства.
Подобро комуницирате со партнерот
Секако дека сите би сакале уште веднаш да ги споделат сите свои фантазии, но тоа е вештина што се учи со текот на времето. За да споделите нешто толку лично, потребно е да изградите доверба и љубов со партнерот. Во 30-тите години повеќето луѓе знаат што сакаат и што не сакаат. Ако сте во сериозна врска, сигурно знаете како да се возбудите меѓусебно и како да му пружите незаборавно задоволство на партнерот.
Го имате запознаено своето тело
Знаете како најлесно доживувате оргазам и која поза најмногу ви одговара. Тоа е многу важно во ситуации кога немате многу време и расположени сте за секс на брзина, како на пример наутро пред да се разбудат децата.