Промена на врвот: Јокиќ веќе не е прв кандидат за МВП признанието во НБА

Фото: EPA-EFE/ALLISON DINNER

НБА лигата денеска го објави новиот ранкинг во борбата за МВП признанието во сезоната и на најновата листа има промена на првото место.

Никола Јокиќ повеќе не е на врвот и тоа место сега му припаѓа на ѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер кој сезонава игра во фантастична форма.

Сепак не треба да се заборави дека Јокиќ и покрај тоа што го загуби фаворитското место статистички е подобар од Канаѓанеот. Српскиот кошаркар има просек од 31.5 поени, 13 скока и 9.7 асистенции по натпревар, додека Гилџес-Александер е на 31.3 поени, 6.1 асистенции и 2 украдени топки.

Причина за промената веројатно е што Оклахома е лидер на Западната конференција, а Денвер на Јокиќ во овој момент е четврти и има дури девет победи помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот