Промена на времето, пониски температури, дожд и снег на планините

Намалување на температурата, нови врнежи од дожд и од снег на планините најавуваат метеоролозите од утре во наредните денови, како и за време на викендот.

Од УХМР соопштија дека под влијание на влажен бран од утре ќе има зголемување на облачноста. Утре и в среда ќе преовладува поменливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи. Локално се очекува да наврнат над 15 литри на квадратен метар. В среда и четврток на планините врнежите ќе бидат од снег. Во петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а нов влажен и постуден бран со врнежи од дожд, на планините од снег се очекува за време на викендот

Дневните темпратурари утре ќе бидат од осум до 20 степени, среда од 10 до 18, четврток 9 до 16 степени, петок од 11 до 18, сабота од 9 до 15 и недела од 10 до 16 степени. Утринските  во среда, четврток и петок на некои места ќе бидат под нулата, односно во четврток од минус два до пет степени, петок од минус четири до три и во сабота од минус два до четири степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот