Пролет во последните секунди го шокира Металург

фото: РК Охрид

Ракометарите на Охрид во супер неизвесна завршница успеаја да го совлдаат Металург со 27:26 во плеј-офот во Суперлигата и оствари значајна победа во битката за позициите кои носат пласман во европските купови.

Првото полувреме им припадна на ракометарите на Охрид (15:12), но во вториот дел тимот од Автокоманда успеа да се врати во игра и на 10 минути до крајот водеше имаше предност од три гола (22:25).  Сепак, домаќините во последните минути прво успеаја да ја анулираат предноста, а со голот на Денис Тот на шест секунди до крајот да дојдат до триумф од 27:26.
Токму Тот шест гола беше и најефикасен во редовите на Охрид каде се истакнаа и Андоноски и Блажевски, додека кај Металург Хорват, Додиќ и Поповиќ постигнаа по шест гола.

Екипата на Е. Пелистер без многу мака го совлада Пролет и тоа со 26:17. Битолчани работата ја завршија уште во првото полувреме кое го решија во своја корист со 12:6 по што рутински го одработија второто полувреме.
Кушан и Мандалиниќ беа најпрецизни кај Е. Пелистер со по пет постигнати голови, додека Аларов со пет и Андоновски со четири се истакнаа кај Пролет.

ФОТО: РК Охрид

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот