Проколнат филм: Откако Алек Болдвин ја уби колешката, се случи уште една трагедија

Алек Болдвин и Халина Хачинс/ Фото: Profimedia

Светот се уште е во шок поради смртта на Халина Хачинс, која трагично го загуби животот, кога актерот Алек Болдвин случајно ја застрела, а притоа го рани режисерот.

Меѓутоа, трагедијата на снимањето на филмот „Рѓа“ во која животот го загуби снимателката Халина Хачинс, за жал, не е единствената.

Имено, по немилиот настан кога на 22 октомври актерот Алек Болдвин, не знаејќи дека има наполнет пиштол, ја убил директорката на фотографија, работник од сетот на филмот, Џејсон Милер, бил каснат од отровен пајак.

Немилиот настан се случил додека работникот им помагал на другите да ја затворат сцената по страшната трагедија која го шокираше филмскиот свет. Го каснал кафеав пајак самец, инаку многу отровен вид, пренесува „Њујорк пост“.

Странските медиуми пишуваат дека Милер неколку дена по каснувањето доживеал некроза, односно изумирање на клетките во ткивото и добил сепса. Неговото здравје е многу загрозено и лекарите се борат да му ја спасат раката.

Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Алек Болдвин се соочи со папараците: Моите деца плачат во автомобилот бидејќи знаат дека нè следите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот