Проклетството продолжува: Внуката на Кенеди пронајдена мртва

Внуката на поранешниот американски сенатор Роберт Франсис Кенеди, Саоирс Кенеди Хил (22) е пронајдена мртва во семејната куќа во Кејп Код, пишуваат странските медиуми.

Се сомнева дека дошло до застој на срцето поради предозирање.

Болничарите дошле на имотот на Кенедиеви веднаш по добивањето на повикот кој наводно бил сосема нејасен.

„Срцата ни се скршени поради загубата на нашата мила Саоирс. Нејзиниот живот беше исполнет со надеж, ветувања и љубов“, стои во изјавата на семејството Кенеди.

Саоирс била вклучена во многу активности, изградба на училишта во Мексико, а била многу заинтересирана за човечките права и правата на жените.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот